logo Преглед од регионот

Пријавете се за бесплатен newsletter!

Ваша e-mail адреса:

Бидете во тек со регионалните вести, анализи, даночни и законодавни промени, бизнис услови, можности за нови бизниси...
Бишев: Македонските банки се инфицираат со вирус на банкроти
Македонија
05.01.15 15:30
Бишев: Македонските банки се инфицираат со вирус на банкроти

Високата ликвидност и ограничената квалитетна кредитна побарувачка доведуваат до склоност ризикот да не се вградува соодветно во цената на кредитите...

Успешна 2014 година за слободните зони во Македонија
Македонија
05.01.15 15:30
Успешна 2014 година за слободните зони во Македонија

Отворени дополнителни 1.000 работни места, и извоз од 1,2 милијарди евра или 54% повеќе од лани, се дел од резултатите на странските компании кои...

Намалено ДДВ на пет отсто за неколку производи
Македонија
30.04.14 15:30
Намалено ДДВ на пет отсто за неколку производи

Од 18 на пет отсто ќе се намали стапката на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за бебешките производи, училишниот прибор, сточната храна и адитивите...

Наместо паднатиот Закон за данок на недвижности следуваат нови даноци
Словенија
07.04.14 15:30
Наместо паднатиот Закон за данок на недвижности следуваат нови даноци

Со падот на законот за недвижности, словенечката Управа за даноци одреди надоместок за употреба на градежното земјиште, данок на имот и надоместок за...

Дванаесет ловишта ќе се даваат под концесија
Македонија
25.12.14 15:30
Дванаесет ловишта ќе се даваат под концесија

Jавен повик за доделување под концесија на дивечот во 12 ловишта кои се лоцирани во 5 ловни региони во Република Македонија распиша Владата преку...

НКБМ се повлекува од Хрватска
Словенија
05.12.14 15:30
НКБМ се повлекува од Хрватска

Нова кредитна банка Марибор (НКБМ) продава девет недвижности во Хрватска: 1) земјиште на островот Угљан односно Љока проект за 6,5 милиони...

Се бараат 1.500 градежници за изградба на два автопати во Македонија
Македонија
07.04.14 15:30
Се бараат 1.500 градежници за изградба на два автопати во Македонија

Повеќе градежни компании бараат инженери, раководители со градежна механизација, техничари и општи работници за изведување на градежните работи на...

Се отвораат 16.000 нови работни места во БиХ
Босна и Херцеговина
11.03.14 15:30
Се отвораат 16.000 нови работни места во БиХ

Американската агенција за меѓународен развој УСАИД и Шведската меѓународна агенција за развој и соработка СИДА вчера потпишаа меморандум за разбирање...

Аеродромот Тиват за 4 месеци имал повеќе сообраќај отколку тој во Подгорица за една година
Црна Гора
05.01.15 15:30
Аеродромот Тиват за 4 месеци имал повеќе сообраќај отколку тој во Подгорица за една година

Иако менаџментот на претпријатието "Аеродроми Црна Гора" веќе со години го става на второ место кога се работи за вложувања во развој, тиватскиот...

Регистар на цени на недвижности од следниот месец
Македонија
29.12.14 15:30
Регистар на цени на недвижности од следниот месец

До крајот на следниот месец Катастарот ќе го пушти во употреба регистарот на цени на недвижности, најави денеска директорот на Агенцијата за катастар...

6-ТИ БИЗНИС ФОРУМ НА РЕГИОНАЛНИОТ БИЗНИС КЛУБ


ПРЕКУ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ИЗВОЗНИ ПРОЕКТИ, ПРОЕКТНИ ИНТЕГРАЦИИ И БАРАЊЕ МОЖНОСТИ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ИЗВОЗ НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ ДО СОЗДАВАЊЕ СИЛНИ РЕГИОНАЛНИ КОМПАНИИ

 

Почитувани пријатели,

Дозволете ни, со голема радост и силна креативна енергија, во месецот кога Капитал одбележува 15 години од своето основање ние во Капитал магазин да го објавиме најважниот деловен настан во Македонија за оваа година. Шестиот Бизнис форум во организација на Бизнис плус и Капитал магазин ќе се одржи на 1 октомври 2015 година во хотел Александар Палас во Скопје.

Почитувани,… Партнери и пријатели на Капитал магазин, деловни луѓе, претприемачи, инвеститори, основачи, покренувачи, мисловни луѓе, интелектуалци, сопственици и извршни директори, креатори на нови бизниси и проекти…

Пред 5 години Капитал заедно со медиумските партнери од уште пет држави од овој дел на Европа го формираа регионалниот проект Бизнис плус.

Ние: Капитал од Скопје, Финанце од Љубљана, Ослобоџење од Сараево, Привредни вјесник од Загреб, ве покануваме на 6-тата (шестата) бизнис-конференција на деловните компании кои го основаа Регионалниот деловен и бизнис клуб на Бизнис плус. Годинава таа се одржува во Скопје (Република Македонија). Очекуваме над 300 директори, сопственици и претседатели на управни одбори од целиот регион (Балканот и Југоисточна Европа).

Досега се одржани пет конференции во: Загреб, Сараево, Будва, Белград и Мостар. Овие форуми беа посетени од над илјада компании и инвеститори од целиот регион и од светот… Заклучивме дека нашата медиумска мрежа силно ја остварува својата поставена мисија од пред 5 години… Сруши многу бариери и создаде услови за многу деловни контакти меѓу компаниите од Балканот и од Југоисточна Европа.

Денес се зборува за Бизнис плус, а за неговите конференции и форуми се известува на територијата на Европската унија и надвор од неа, сé до Турција…

Преку Бизнис плус многу компании се здружија на проекти со кои навлегоа на трети светски пазари. За тие искуства ќе се зборува и на самата конференција во Скопје. На бизнис форумот во Скопје, Капитал магазин ќе ги промовира своите два клуба: Kapital Business Club и Kapital Export Companies Club (Капитал клуб на македонски извозници), кој за неколку дена ќе добие и своја медиумска постојаност со формирање на веб порталот www.izvoznici.mk.


Сé зависи од вас, почитувани пријатели, сегашни и идни членови на Капитал бизнис клубот, Клубот на македонските извозници и на Бизнис плус! Дали ние можеме наместо вас да ви го зголемиме извозот, инвестициите и да Ви ги зголемиме приходите? Не… Но, вистината е дека Капитал со неговите два клуба, како и проектот во Југоисточна Европа на компаниски вмрежувања Бизнис плус ви нудат  повеќе можности да го остварите тоа така што Ви отвораат креативен простор полн со можности за нови деловни потфати кој досега го немавте или не го забележувавте… Затоа, дојдете на оваа конференција на 1 октомври во хотел Александар Палас во Скопје Вие ќе добиете, а ние ќе додадеме вредност…

potpis-Zikov-nov-p      .

 

 

 

                       

                             Љупчо Зиков


БИЗНИС ФОРУМОТ ќе се одржи во хотел Александар Палас Скопје
на ден 1 октомври 2015 (четврток)


АГЕНДА

11.00 – 12.00    Регистрација

12.00 - 12.30    Отворање и поздравен говор

 

12.30 - 13.30    Панел 1

Нови инвестиции во извозни проекти.
Извозот е клучен предизвик за компаниите во регионот!
Како тоа да го направиме заедно!

МОДЕРАТОР: Петер Франкл
главен и одговорен уредник на Финанце, Словенија

  • Глигор Бишев
    генерален директор, Шпаркасе банка.
  • Живко Мукаетов
    претседател на УО, Алкалоид
  • Јоже Стрмоле
    член на Управен одбор, ЛИВАР
  • Марко Лотриќ
    сопственик, Лотриќ Мерословје
  • Јасмина Милановиќ
    Финансиски менаџер за инвестиција и развој Еликсир гроуп

 

13.30– 14.30    Панел 2

Проектни поврзувања и интеграции.
Создавање на силни регионални компании

МОДЕРАТОР: Дарко Буковиќ
главен и одговорен уредник на Привредни вјесник, Хрватска

  • Драган  Ковачевиќ
    Јанаф, Претседател на УО
  • Минчо Јорданов
    Макстил
  • Мујо Селимовиќ
    директор, МИМС Група
  • Денис Матијевиќ
    Агрофруктус, Претседател на УО
  • Кочо Анѓушев
    директор, Брако

 

14.30 – 15.00

Промоција на едицијата
ТОП 200 најголеми и најуспешни македонски компании
  • Билјана Здравковска Стојчевска
    oдговорен уредник на Капитал

 

15.00 – 15.45     ПАУЗА ЗА РУЧЕК

 

15.45 – 16.45    Панел 3

Транспорт и логистика. Каква ни е инфраструктурата.
Колку сме поврзани?
Имаме ли балканска рута на развојот?

МОДЕРАТОР: Дарко Буковиќ
главен и одговорен уредник на Привредни вјесник, Хрватска

  • Јована Ѓуриќ
    Телекор, Претседател на УО
    Јавување преку скајп од Тајван
  • Тамара Кесиќ – Шапиќ
    раководител, Хрватска мисија за иновации
    Јавување преку скајп од Тајван
  • Витомир Тафра
    сопственик на образовната групација Зрински
  • Небојша Цветановски
    директор, Intereurope, Скопје
  • Сеад Кочан
    директор, Трансмет
  • Роберт Петрич, извршен директор
    Бисноде, Словенија и директор за развој,  Бисноде ЈИЕ

 

16.45 – 17.15    ПАУЗА ЗА КАФЕ

 

17.15 – 18.15   Панел 4

Индустрии со огромни регионални можности.
Агро – индустрија и производство на храна.
Можност за интеграција и заеднички влез на големиот светски пазар.
Туризам, сонце, вино и храна… регионот како голема шанса.

МОДЕРАТОР: Љупчо Зиков
Главен и одговорен уредник на Капитал, Македонија

  • Горан Живков
    директор на компанија СЕЕДЕВ
  • Глигор Цветанов
    директор, Макпрогрес
  • Златко Најдовски
    директор, Бимилк
  • Јусуф Арифагиќ
    директор, Арифагиќ  инвестмент
  • Сузана Панова Никифорова
    Консултант за иновативен бренд менаџмент
     
  • Илијанчо Гаговски
    директор, Prymapps

 

18.15 – 18.30    ПАУЗА ЗА КАФЕ

 

18.30 – 19.45    Панел 5

Турција – деловна можност за регионот.
Ја познаваме ли деловната Турција?

МОДЕРАТОР: Светлана Цениќ
Одговорна за проектот Бизнис плус

  • Зијад Бечировиќ
    директор, меѓународен институт за
    блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС
  • Драгана Ѓурица
    Совет за регионална соработка

 

20.30     КОКТЕЛ

Гала вечер и прием по повод
15 години од основањето на Капитал.
Посебна програма.

лица за контакт: Гордана Михајловска тел. +389 2 3298 505 / моб. +389 70 346 376gordana.mihajlovska@kapital.mk Љупчо Зиков / ljupco.zikov@kapital.mk

Формуларот за регистрација може де го превземете ТУКА Истиот пополнет испратете го на следнава e-mail адреса: konferencii@kapital.mk

 

 
 

.